Најголемата сличност меѓу балканските нации
Некаде во дванаесетиот век, тогаш најмоќниот католички теолог св. Бернард ќе изјави: „Секој си е непријател на самиот себе“. После четири века, оваа негова мисла ќе биде надополнета од таткото на модерниот ционизам, Теодор Херцл, кој ќе заклучи - „Нацијата е историска група на луѓе со препознатлива кохезија која се одржува со помош на заеднички непријател“.
Малку изџвакана, во вид на условување, оваа мисла гласи некако вака: За дадена држава да има кохезија во сопствените редови, потребен и е надворешен непријател.
Без разлика на сите сличности помеѓу балканските држави и нации, заедничката историја, сличниот мелос, сличностите во јазиците, религиите или културното наследство, реченицата погоре е без сомнение нешто што најмногу ги врзува балканските народи.
Сите балкански држави имаат надворешни непријатели.
И тоа *многу* надворешни непријатели.
И по правило, најголемите непријатели се секогаш првите соседи.
А ако се погледнат балканските нации и нивните држави: Грција, Србија, Хрватска, Босна, Албанија, Македонија, Бугарија… лесно може да се заклучи дека бројот на надворешни непријатели расте и зависи правопропорционално со количината на социјалните и политичките проблеми во истата.
Значи, најголемата сличност и најјаката врска меѓу балканските нации - е бројот на нерешени внатрешни проблеми во нивните држави.
