Убави вести од Moneybookers
Тукушто на email добив известување од newsletter-от на Moneybookers (http://www.moneybookers.com) со неочекувано убави вести. Имено, Moneybookers пред извесно време конечно е додаден во листата на платежни сервиси достапни на eBay (http://www.ebay.com). Оваа информација е за нас особено итнересна, бидејќи Moneybookers е еден од малкуте платежни процесори кои што прифаќаат регистрација и трансакции од и кон нашата држава.
А тоа не само што значи дека наскоро ќе можете да учествувате во користењето на најголемиот аукционерски електронски сервис во светот и преку Moneybookers да вршите плаќање за продуктите кои ќе ги добиете, туку и самите ќе можете да објавувате аукции, односно да продавате ваши производи и услуги.
Секако, никогаш сите вести не се само добри! За да вршите плаќање со Moneybookers ќе треба да проверите дали продавачот го има наведено како платежно средство преку кое прифаќа да прима средства. За жал многумина од продавачите прифаќаат само трансакции преку PayPal, во кој ние нели сеуште не можеме да се зачлениме по регуларен пат. А како што е наведено во електронскиот весник, Moneybookers има едвај 7 милиони членови кои ги користат неговите услуги, што во споредба со PayPal е веројатно многу мал број.
Што се однесува до трансферот на средства од Moneybookers на наша картичка, некаде во Октомври направив мал тест и префрлив 0.55 Евра на мојата VISA Electron дебитна чип-картичка од Тутунска Банка. Трансакцијата беше успешна, а парите се појавија во денарска противвредност што може да се види од наредниот screenshot:
