„Безвременска Македонија“ не ги задоволува критериумите
Во пишана дискусија помеѓу мене и мој другар од детството ја начнавме новата и актуелна тема - спотот „Безвременска Македонија“. За разлика од мојот другар, јас оптимизмот околу овој спот го сведов на минимум. Од моја гледна точка, овој спот исполнува културни, но никако не и туристичко-промотивни критериуми за кои што сум убеден дека беа и дадени тие 190.000 Евра колку што тој чини. Плус сеуште не се знае огромната сума која ќе биде потрошена на негово прикажување на CNN и други светки ТВ мрежи.
Но навистина интересниот дел од нашата дискусија настана кога прочитав дека битното во овој спот е тоа што воопшто се прикажува и што на крајот се појавува 16-битното сонце (се мисли на сонцето од Кутлеш), а дали овој спот ќе привлече или не туристи во државава е споредна работа. Секако тука се спомена и фактот дека сме во ладна војна со Грција и дека е време за маркетинг и себепромоција, те. колку повеќе светот те познава - толку повеќе те цени.
Еве го мојот одговор…
Апсолутно се согласувам дека сме во ладна војна. И апстолутно се согласувам дека е време за себепромоција и маркетинг и дефинитивно ме нервира онаа народната „наведната глава - сабја не сече“! Но… можам да го кажам и следното:
1. Се сомневам дека пуштањето на спот доволно ќе ја промовира државата за да ни помогне во терањето на правдата. Или… може и вака: They don’t give a flying shit about Macedonia and what is just!
![]()
Светските сили се интересираат за прагматични работи… енергија, ресурси… уво ги боли нив што има таму некоја Македонија која себеси милува да си се нарекува „лулка на културата и цивилизацијата“. Ја заболе и Европа и САД и Русија и Кина за културата општо.. а тек во Македонија.
Ако мене ме прашаш, овој спот ќе ни донесе многу повеќе непријатели отколку пријатели. Впрочем, длабоко сум убеден дека со гледање на видео не се стекнува пријател. Кога тој тука ќе дојде… и ќе го запознае староседелци… и ќе си дозволи да не погледне во душата, е тогаш ќе ни стане пријател и ќе лобира за Македонцките работи. За жал, ова видео едноставно не повикува на посета.
А да не зборуваме за финансиските ефекти кои колку и да сме патриоти, не смееме да ги заборавиме… оти никој од нас на маса не става патриотизам за да си го нарани семејството.2. Секој мудар човек ако не може да ја избегне војната и непријателите, тогаш барем гледа да ги одбере битките што ќе ги бие…
Како што и самиот знаеш Грција (како и целиот западен свет впрочем) е во многу осетлива ситуација. За жал (или за среќа), на грчката младина прва и збоктиса од погледот на безнадежната иднина што ги очекува.
Како надополнување ќе ти посочам една многу мудра и барем според мене 100% точна мисла од… е јбг не ми текнува од кого беше, ама истата гласи вака: „На секоја држава и е потребен надворешен непријател за да внатре се задржи кохезија меѓу населението“. И една „мудра“ мисла од мене: Рането животно не се влече за опаш! :))) Пошто, верувал или не принципот „Кick`em when they are down!“ може за час да сe преврти и да не тресне нас по носот затоа што ние во моментов сме очигледно и прекрасно решение за решавање на грчките внатрешни проблеми.И да… за да нема забуна: авторот на овој текст - од Април наваму, нема влезено ниту еднаш во Веро.
Доколку вие имате различно мислење, искажете го преку формата подолу…
