Предизборна дилема
Доколку изборот во вториот круг на претседателските избори се сведе на Ѓорге Иванов и Љубомир Фрчкоски…
…тогаш јас точно знам зошто нема да гласам за едниот, а појма немам зошто би гласал за другиот.
You can use the search form below to go through the content and find a specific post or page:
Доколку изборот во вториот круг на претседателските избори се сведе на Ѓорге Иванов и Љубомир Фрчкоски…
…тогаш јас точно знам зошто нема да гласам за едниот, а појма немам зошто би гласал за другиот.
Да ги дадам и јас моите 2 денари придонес кон целава ситуација. Разочаран сум. Но не од Топлификација. Разочаран сум од македонските новинари, од Организација на потрошувачи на Македонија (не отварај со Firefox, ќе ти се слоши), од Државниот Пазарен Инспекторат (немаат своја страница, а оваа е преполна со корисни информации :roll:), Народниот правобранител, „Регулаторната комисија“ за која не знаеме апсолутно ништо, ниту кои се членови, колкав и е мандатот, врз основа на која формула ја одредува цената на парно греењето, како да ги контактираме… но најмногу се разочарав од народов глупав, напатен и меланхоличен што не знае да го крене гласот, а за тупаницата и да не правиме муабет!
Деновиве нели, повторно се актуелни сметките за парно. Наводно, на одреден број на физички и правни лица им дошле огромни суми за месец Декември 2008, па еве сега се бунат. Топлификација си молчи, ете тоа било демек реално порамнување според потрошената топлинска енергија, народот џанам се буни, а новинарите или сметаат дака новинарството подразбира само пренос на информација, па пласираат глупости од типот „постарите згради поради лошата изолација трошат повеќе топлинска енерија па од таму и сметките им се поголеми“, или пак - со умисла го лажат цело Скопје.
Мала дигресија - зарем навистина реков дека народот се буни? Неее, немаат гајле корпорациите кај нас од тоа. Ќе трае целава работа до кај 2-3 дена. Па потоа ќе дојде викенд, треба луѓево да се одморат од многу бунење, па здравје, од понеделник ќе ја заборавиме целата работа и пак ќе го даваме царевото на царот.
Но… не е ни ова она за кое што сакав да ви пишувам. Ова од горе е само последица на една уште поголема лага од минатото лето, а која пред десетина дена стана толку очигледна што секој ден ме удира по глава. И јас наивен, убеден дека апсолутно сите ќе ја приметат - ништо не пишував, чекајќи во секој момент на вести да биде ударна, а по веснициве да излезе една голема огромна вест на насловната страна:
ТОПЛИФИКАЦИЈА ИЗВРШИ КРИВИЧНО ДЕЛО И ГИ ИЗМАМИ ГРАЃАНИТЕ НА СКОПЈЕ!
ВИСОКАТА ЦЕНА НА НАФТАТА И БЕШЕ ОПРАВДУВАЊЕ ЗА 60% ПОКАЧУВАЊЕ,
А ТОПЛИФИКАЦИЈА ТРОШИ ПРИРОДЕН ГАС!
Но на лагата и се кратки нозете… или ете… барем неколку месеци долги, па ја дознавме и вистината. Кризата што настана со испораката на гас од Русија го натера раководството на Топлификација да признае дека ќе мораат да ги префрлаат печките од режим на работа - согорување на природен гас, на согорување на мазут. Докази имате колку сакате:
…„додека „Топлификација“ за еден ден успеа да премине на мазут“. (Време)
„- Од завчера „Топлификација“ работи на мазут, што значи парното во домовите ќе остане топло. “ (Дневник)
„Поради прекинот на испораката на гас најголемиот потрошувач на тој енергент во Македонија, „Топлификација“, од завчера премина на мазут.“ (А1)
„Најголемиот потрошувач на гас во Македонија, скопска „Топлификација“, полесно го преброди прекинот со снабдување со рускиот гас. Таа веднаш ги приспособи станиците за користење на мазут за затоплување на парните котли. “ (Нова Македонија)
„Македонија е без гас, но парно во земјава ќе има, бидејќи Топлификација го префрли своето производство на мазут…“ (Вечер)
„„Скопје целосно се грее на мазут. Префрлањето од гас на мазут беше направено во рекордно кус рок од 14 часа, бидејќи станува збор за сложена процедура, но успеавме и сега работиме без проблеми со мазут.“ (Утрински Весник)
А сега дозволете да ве потсетам на приказната која ја проголтавме минатиот Јуни:
Зголемените цените на мазутот притиснаа и на парното, имајќи го во предвид фактот дека „Топлификација Скопје“ топлинската енергија ја произведува со користење на мазут. (А1, новинар Мишко Иванов - „Парното ќе поскапи“)
За веќе во месец Јули, во екот на кампањата „корпоративно мамење на граѓаните“, истиот автор во веста насловена како „Парното ќе поскапи за околу 60%“, на дури 8 пати во текстот го споменува мазутот како примарно, основно, единствено гориво кое се троши во топлана, а неговата покачена цена како најголема причина за оправдување на идната цена за греење:
Цената на мазутот денеска изнесува 38 денара. Во споредба со лани, кога цената изнесуваше 23,5 денара, тоа е зголемување на цената за 62%.
Ваков раст на цената на мазутот досега не е регистриран во Македонија. Овој енергенс е клучен за производство на топлинска енергија.
Навистина, „Топлификација е пример за лош домашен инвеститор во Република Македонија“. Ама сепак - сите молчат. А народот е најгласен во своето молчење!
Во егзодусот на македонскиот народ од Егејска Македонија за време на граѓанската војна во Грција најголемиот број од истераното македонско население ја преминало грчко-македонската граница за потоа од Битола и други места во Македонија да биде депортирано во белиот свет.
50 години подоцна, македонската држава широкоградо прими 300.000 Албанци, бегалци од Косово.
10 години по тој настан, можам да си го поставам само следното прашање:
Кај им бил умот на македонските политичари пред 60 години?
Лиценцирано под Creative Commons - Некои права се задржани.
Оригиналниот дизајн од FTL Wordpress теми Ви е претставена од Smashing Magazine