• Почетна
  • Хостирање
  • Проекти
Сина Помаранџеста Зелена Розева Виолетова

Archive for April, 2009

You can use the search form below to go through the content and find a specific post or page:

Apr 09

Мојот CAPTCHA избор за додаток на вашиот WordPress блог

Не знам зошто, но во последно време мојата email сметка на GMail, но и мојот WordPress блог наеднаш станаа претрпани со spam пораки испратени од Русија и бившите советски републики. Таквата случка ме натера да се фрлам во потрага по добар CAPTCHA додаток за WordPress и денеска можам да се пофалам дека го пронајдов точно она што го барав.

Но најпрвин, за неинформираните. Преведено од англиската верзија на Wikipedia: CAPTCHA или Captcha (IPA: /ˈkæptʃə/) претставува „предизвик-одговор“ тип на тест кој се користи во компјутерските технологии и кој дава сигурност дека дадениот одговорот не е креиран од компјутер.

Ви го претставувам SI CAPTCHA!

Следната листа е само дел од она што изработувачот го тврди за него:

  • Се конфигурира од администрацијата
  • Се држи до XHTML стандардите
  • Не е потребен JavaScript за да функционира
  • Дозволува Trackbacks и Pingbacks
  • Може да се подеси да не се појавува CAPTCHA проверката за администраторите и најавените корисници
  • Може да се подеси CAPTCHA проверката да се појавува на формата за коментирање, на регистрациската форма или пак на двете
  • I18n поддршка за превод

Го користам овој додаток веќе две недели и можам слободно да објавам дека спам пораките се намалија од просечно 50 дневно на една голема нула ! :mrgreen:

Во овој текст нема да ставам никакви слики од додатокот, бидејќи истиот е активен на dogon.bi, па Ве молам, притиснете на Page Down типката и слободно поиграјте си со него така што ќе ми испратите коментар.

Му препорачувам на било кој сопственик на WordPress блог да го преземе и да го испроба. Сигурен сум дека ќе му ги поедностави деновите исполнети со администрирање на блогот. Што се однесува пак до спам пораките во мојата GMail сметка, се надевам дека Google наскоро ќе инсталира филтри со руски вокабулар и кирилична поддршка.

Apr 02

Најкорисниот додаток за Firefox

Сите искусни програмери знаат дека „измислувањето топла вода“ е веројатно најнепродуктивниот начин за трошење на време. Тоа е и главната причина зошто скоро сите од нив поминуваат поголем дел од нивното работно време во потрага по парчиња на код, упатства и на друг начин корисни информации за решавање на софтверските проблеми. Понекогаш го пронаоѓаат тоа што им е потребно, но најчесто сретнуваат информации кои не им се корисни во дадениот момент, но затоа вредат да се зачуваат за некое идно време кога тој даден алгоритам може да им затреба.

Со толку многу информации на дофат на нивните прсти, секогаш се појавува проблемот за зачувување и правилно каталогизирање на истите. Дали треба да ги преземат податоците локално и да пробаат да ги организираат самите? Или можеби е попаметно да користат online сервис како што е del.icio.us, кој што и јас до сега го користев, па да ги зачувуваат само врските до избраните информации?

За среќа на пазарот се појави одличен софтвер и што е подобро, се појави во вид на надоградба за Firefox! Се вика „Zotero“ (http://www.zotero.org). Во времето на пишување на овој текст, Zotero беше во верзија 1.5 бета. А ова е тоа што неговите развивачи го изјавуваат за нивната програма:

Zotero [zoh-TAIR-oh] е бесплатна, лесна-за-користење Firefox надоградба која ќе ви помогне да собирате, управувате и да ги цитирате вашите истражувачки извори. Таа живее таму каде што и ја вршите вашата работа - во самиот веб прелистувач.

Слоганот на компанијата е: „Управувањето со цитати е само почетокот“. И да, навистина е само почетокот. Иако примарната намена на Zotero е прибирањето, чувањето и каталогирањето на цитати од Интернет, а и примарната група што треба да го користи се студенти и професионалци кои вршат научни истражувања, сепак јас лично ја користам оваа надоградба за да ми го олесни секојдневниот програмерски живот.

Секогаш кога ќе налетам на информација (стран од веб презентација, PDF датотека, архива, видео упатство или било каков вид на документ) за која што сметам дека ќе ми биде од корист во иднина, јас едноставно кликнувам на копчето „Take snapshot of the current page“ и саканиот документ е веднаш симнат и зачуван во локалната SQLite база која овој софтвер ја користи.

zotero.jpg

Но, тоа не е се. Во оној момент кога ќе го преземе документот, Zotero го индексира и потоа истиот е спремен низ него да се пребарува по сите зборови. На страницата на Zotero тврдат дека дури и PDF датотеките комплетно се индексираат за пребарување по сите зборови. Но, доколку мислите дека видовте се, само почекајте за следното што доаѓа на ред. Следната опција е она што мене најмногу ми се допаѓа кај овој софтвер.

Да си замислиме дека сте пронашле упатство или пак електронска книга. Авторите на овие текстови најчесто го објавуваат и кодот кој е опишан во книгата така што го ставаат во една или повеќе архивски датотеки. Се што треба да се направи е да се кликне со десното копче од глушецот на некој од линковите до избраната датотека и да се избере „Save link as Zotero snapshot“ од појавувачкото мени.

Потоа, само отворете го Zotero прозорецот и врзете ја преземената датотека со некој од претходно симнатите веб страници. На тој начин, двата документи ќе останат меѓусебно врзани, а вашите податоци ќе бидат на само еден клик од вас, дури и кога немате интернет врска.

Уште една работа која вреди да се спомене е дека можете да креирате прибелешки користејќи го овој софтвер, а можете да бележите скоро се. Ова е особено корисна карактеристика кога сакате да маркирате или да искоментирате дел од некоја информација на веб страница која што сте ја пронашле, на истиот начин како што тоа го правите со лепење на лепливи забелешки во вашите книги кои ви помагаат во истражувањето.

Уште една возбудлива карактеристика која се планира за блиската иднина е развојот на синхронизација на податоците со Zotero серверот. Оваа карактеристика која сеуште не е достапна ќе ви овозможи да имате различни копии од Zotero поставени на различни локации и да бидете во можност да ги синхронизирате податоците меѓу нив. Во моментов постои опција за export/import на податоци ставена на ваше располагање, но зачувувањето и читањето на големи (кои стануваат се поголеми) купчиња на податоци на вашиот преносен USB, со тек на време знае да стане заморна процедура.

Се на се, ова е одлично парче софтвер кое што има уште подобра иднина пред себе. Доколку сте како мене и постојано сурфате и креирате библиотеки на собрани податоци, со цело срце ви го препорачувам Zotero. Ќе ви го олесни животот така што нема да дозволи релевантните информации да го напуштат вашиот прелистувач никогаш повеќе!


Apr 01

Убави вести од Moneybookers

Тукушто на email добив известување од newsletter-от на Moneybookers (http://www.moneybookers.com) со неочекувано убави вести. Имено, Moneybookers пред извесно време конечно е додаден во листата на платежни сервиси достапни на eBay (http://www.ebay.com). Оваа информација е за нас особено итнересна, бидејќи Moneybookers е еден од малкуте платежни процесори кои што прифаќаат регистрација и трансакции од и кон нашата држава.

moneybookers_newsletter.jpg

А тоа не само што значи дека наскоро ќе можете да учествувате во користењето на најголемиот аукционерски електронски сервис во светот и преку Moneybookers да вршите плаќање за продуктите кои ќе ги добиете, туку и самите ќе можете да објавувате аукции, односно да продавате ваши производи и услуги.

Секако, никогаш сите вести не се само добри! За да вршите плаќање со Moneybookers ќе треба да проверите дали продавачот го има наведено како платежно средство преку кое прифаќа да прима средства. За жал многумина од продавачите прифаќаат само трансакции преку PayPal, во кој ние нели сеуште не можеме да се зачлениме по регуларен пат. А како што е наведено во електронскиот весник, Moneybookers има едвај 7 милиони членови кои ги користат неговите услуги, што во споредба со PayPal е веројатно многу мал број.

Што се однесува до трансферот на средства од Moneybookers на наша картичка, некаде во Октомври направив мал тест и префрлив 0.55 Евра на мојата VISA Electron дебитна чип-картичка од Тутунска Банка. Трансакцијата беше успешна, а парите се појавија во денарска противвредност што може да се види од наредниот screenshot:

moneybookers_transaction.jpg

  • На Кратко
    Ѓоко смета дека смисолот на животот е цел живот да го бараш смисолот на животот.
    Дали Ѓоко го пронајде смисолот на животот?
  • Choose Language
       Англиски (English)
       Macedonian (Македонски)
  • Категории
  • Пријатели
    • Инстант експерт
  • Скорешни написи
    • Евтинија и за Македонија
    • Мојот CAPTCHA избор за додаток на вашиот WordPress блог
    • Најкорисниот додаток за Firefox
    • Убави вести од Moneybookers
    • Предизборна дилема
  • Cherished moments...
  • Архива
    • декември 2009
    • април 2009
    • март 2009
    • јануари 2009
    • декември 2008
  • Барај


KANO EKO SISTEMI za ekonomichno greenje on Facebook




  • Почетна
  • Хостирање
  • Проекти

Лиценцирано под Creative Commons - Некои права се задржани.
Оригиналниот дизајн од FTL Wordpress теми Ви е претставена од Smashing Magazine

Кон Врвот