• Почетна
  • Хостирање
  • Проекти
Сина Помаранџеста Зелена Розева Виолетова

Топлификација - дере!

Испратено во економија, политика. во Friday, January 16th, 2009 од Zlochko Tags: гас, измама, мазут, нафта, парно, русија, топлификација, транспорт, украина, цена
Jan 16

Да ги дадам и јас моите 2 денари придонес кон целава ситуација. Разочаран сум. Но не од Топлификација. Разочаран сум од македонските новинари, од Организација на потрошувачи на Македонија (не отварај со Firefox, ќе ти се слоши), од Државниот Пазарен Инспекторат (немаат своја страница, а оваа е преполна со корисни информации :roll:), Народниот правобранител, „Регулаторната комисија“ за која не знаеме апсолутно ништо, ниту кои се членови, колкав и е мандатот, врз основа на која формула ја одредува цената на парно греењето, како да ги контактираме… но најмногу се разочарав од народов глупав, напатен и меланхоличен што не знае да го крене гласот, а за тупаницата и да не правиме муабет!

Деновиве нели, повторно се актуелни сметките за парно. Наводно, на одреден број на физички и правни лица им дошле огромни суми за месец Декември 2008, па еве сега се бунат. Топлификација си молчи, ете тоа било демек реално порамнување според потрошената топлинска енергија, народот џанам се буни, а новинарите или сметаат дака новинарството подразбира само пренос на информација, па пласираат глупости од типот „постарите згради поради лошата изолација трошат повеќе топлинска енерија па од таму и сметките им се поголеми“, или пак - со умисла го лажат цело Скопје.

Мала дигресија - зарем навистина реков дека народот се буни? Неее, немаат гајле корпорациите кај нас од тоа. Ќе трае целава работа до кај 2-3 дена. Па потоа ќе дојде викенд, треба луѓево да се одморат од многу бунење, па здравје, од понеделник ќе ја заборавиме целата работа и пак ќе го даваме царевото на царот.

Но… не е ни ова она за кое што сакав да ви пишувам.  Ова од горе е само последица на една уште поголема лага од минатото лето, а која пред десетина дена стана толку очигледна што секој ден ме удира по глава. И јас наивен, убеден дека апсолутно сите ќе ја приметат - ништо не пишував, чекајќи во секој момент на вести да биде ударна, а по веснициве да излезе една голема огромна вест на насловната страна:

ТОПЛИФИКАЦИЈА ИЗВРШИ КРИВИЧНО ДЕЛО И ГИ ИЗМАМИ ГРАЃАНИТЕ НА СКОПЈЕ!

ВИСОКАТА ЦЕНА НА НАФТАТА И БЕШЕ ОПРАВДУВАЊЕ ЗА 60% ПОКАЧУВАЊЕ,

А ТОПЛИФИКАЦИЈА ТРОШИ ПРИРОДЕН ГАС!

Но на лагата и се кратки нозете… или ете… барем неколку месеци долги, па ја дознавме и вистината. Кризата што настана со испораката на гас од Русија го натера раководството на Топлификација да признае дека ќе мораат да ги префрлаат печките од режим на работа - согорување на природен гас, на согорување на мазут. Докази имате колку сакате:

…„додека „Топлификација“ за еден ден успеа да премине на мазут“.  (Време)

„- Од завчера „Топлификација“ работи на мазут, што значи парното во домовите ќе остане топло. “ (Дневник)

„Поради прекинот на испораката на гас најголемиот потрошувач на тој енергент во Македонија, „Топлификација“, од завчера премина на мазут.“ (А1)

„Најголемиот потрошувач на гас во Македонија, скопска „Топлификација“, полесно го преброди прекинот со снабдување со рускиот гас. Таа веднаш ги приспособи станиците за користење на мазут за затоплување на парните котли. “ (Нова Македонија)

„Македонија е без гас, но парно во земјава ќе има, бидејќи Топлификација го префрли своето производство на мазут…“ (Вечер)

„„Скопје целосно се грее на мазут. Префрлањето од гас на мазут беше направено во рекордно кус рок од 14 часа, бидејќи станува збор за сложена процедура, но успеавме и сега работиме без проблеми со мазут.“ (Утрински Весник)

А сега дозволете да ве потсетам на приказната која ја проголтавме минатиот Јуни:

Зголемените цените на мазутот притиснаа и на парното, имајќи го во предвид фактот дека „Топлификација Скопје“ топлинската енергија ја произведува со користење на мазут. (А1, новинар Мишко Иванов - „Парното ќе поскапи“)

За веќе во месец Јули, во екот на кампањата „корпоративно мамење на граѓаните“, истиот автор во веста насловена како „Парното ќе поскапи за околу 60%“, на дури 8 пати во текстот го споменува мазутот како примарно, основно, единствено гориво кое се троши во топлана, а неговата покачена цена како најголема причина за оправдување на идната цена за греење:

Цената на мазутот денеска изнесува 38 денара. Во споредба со лани, кога цената изнесуваше 23,5 денара, тоа е зголемување на цената за 62%.

Ваков раст на цената на мазутот досега не е регистриран во Македонија. Овој енергенс е клучен за производство на топлинска енергија.

Навистина, „Топлификација е пример за лош домашен инвеститор во Република Македонија“. Ама сепак - сите молчат. А народот е најгласен во своето молчење!

3 Коментари

  1. Диџеј во January 16th, 2009

    Постројување на сите од Топлификација, и по 100 стапа го голите газиња.

    Новинари во МК нема!
    Убаво кажа, тоа се само пренесувачи на вести.
    Бљак! ~!„“’%‘&*

  2. Dare во January 18th, 2009

    Хм мислам дека ова е забуна од твоја страна. Ај малце на википедија
    http://en.wikipedia.org/wiki/Natural_gas

    Fossil natural gas is found in oil fields (associated) either dissolved or isolated in natural gas fields (non-associated), and in coal beds (as coalbed methane).

    Значи сепак нафтата и тоа КАКО влијае на цената на природниот гас.

  3. Бата во January 21st, 2009

    Топлификација е државен монопол, што не е јавно претрпијатие, туку акционерско друштво, т.е работи за профит. Инаку, во времето кога поскапе парното, околу две третини од топлинската енергија ја произведуваа на гас, бидејќи мазутот за нив е забранет (исто како и за сите во индустријата). Сега добија привремена дозвола да работат на гас, поради кризата. Ќе си се вратат на гас многу брзо.



Оставете Реплика

CAPTCHA Image Audio Version
Reload Image

Click to cancel reply

  • На Кратко
    Ѓоко смета дека смисолот на животот е цел живот да го бараш смисолот на животот.
    Дали Ѓоко го пронајде смисолот на животот?
  • Choose Language
       Англиски (English)
       Macedonian (Македонски)
  • Категории
  • Пријатели
    • Инстант експерт
  • Скорешни написи
    • Евтинија и за Македонија
    • Мојот CAPTCHA избор за додаток на вашиот WordPress блог
    • Најкорисниот додаток за Firefox
    • Убави вести од Moneybookers
    • Предизборна дилема
  • Cherished moments...
  • Архива
    • декември 2009
    • април 2009
    • март 2009
    • јануари 2009
    • декември 2008
  • Барај


KANO EKO SISTEMI za ekonomichno greenje on Facebook




  • Почетна
  • Хостирање
  • Проекти

Лиценцирано под Creative Commons - Некои права се задржани.
Оригиналниот дизајн од FTL Wordpress теми Ви е претставена од Smashing Magazine

Кон Врвот