• Почетна
  • Хостирање
  • Проекти
Сина Помаранџеста Зелена Розева Виолетова

Archive for December, 2008

You can use the search form below to go through the content and find a specific post or page:

Dec 18

Како до продажба на интернет

Пред околу една недела бев ставен во mailing листа од десетина луѓе кои по различни основи се заинтересирани за развој на електронската трговија во Македонија. Со оглед на тоа дека се завртеа неколку интересни дискусии, а се споделија и неколку интересни информации,  дојдов на идеја повторно да го истражам моменталниот пазар и пречките и можностите за развој на електронска трговија во нашата држава, но овој пат од малку по практична страна.

Значи, во услови кога законската регулатива е комплетирана,  и кога веќе се појавува се поголем интерес кај трговците за проширување на својот пазар на интернет и кога постојат соодветните посредници помеѓу купувачите и online трговците, а тоа се приватните банки и CaSys, се поставува прашањето каде е проблемот.

Без разлика дали проблемот е малиот македонски пазар (иако граѓаните веќе имаат преку 1 милион на картички), или пак проблемот е повеќе психолошки - страв од измами и кај крајните корисници, но уште поголем кај банките, сепак крајниот резултат е во најмала рака поразителен: кај нас нема електронска трговија.

Одликата на секој добар деловен човек е доколку не може да ги решава проблемите, тогаш барем да најде обиколен пат околу нив за да ја постигне зацртаната цел. Воден од таа мисла, ви претставувам две можни решенија кои доколку сте заинтересирани можат да ви помогнат да го проширите пазарот со отварање на виртуелна продавница.

MoneyBookers (http://www.moneybookers.com) е решение кое е практично на истото ниво со PayPal, значи спаѓа во групата електронски паричници, но за разлика од PayPal работи и со Македонија што е исклучително добра вест за сите нас.

Секако, како и секое решение си има добри и лоши страни гледано од агол на специфичните услови кои важат за нашата држава. Имено, доколку сте купувач од Македонија, кој би сакал да нарачува продукти и услуги од странство, тогаш ќе се разочарате во процентуалната покриеност во споредба со веќе доволно споменуваниот во оваа текст - PayPal. Зафатнината на пазарот на MoneyBookers, поточно распространетоста на интернет продавници кои го поддржуваат е за жал далеку помала.

Но, доколку сте трговец и доколку целната група ви се македонските граѓани, верувам дека MoneyBookers може да биде вистинското решение за вашите e-потреби. Со оглед на тоа дека кај нас постои практично 0% развој на електронска трговија, што би значело дека скоро 100% од граѓаните никогаш не направиле и ПЛАТИЛЕ нарачка преку интернет, MoneyBookers на многу едноставен начин може стане примарниот електронски новчаник за нашата држава.

Секако најважното прашањето што секој трговец ќе си го постави е „А како ќе ги префрлам парите?”. А одговорот гласи: на многу едноставен начин и со 2 клика. На 30ти октомври годинава успеав да направам тест трансфер на пари од мојот интернет новчаник на мојата Visa дебитна картичка (поточно трансакциската сметка) што ја имам во Тутунска Банка. Немаше апсолутно никаков проблем. Доказ за тоа е сликата подолу.

трансакција преку MoneyBookers

За разлика од претходното решение, 2CheckOut (http://www.2checkout.com) не е електронски новчаник туку класичен Payment Processor, или Merchant Account Vendor… како веќе сакате. Тоа значи дека доколку сакате да примате директни уплати од кредитни картички без посредник, ова решение е вистинското за вас. Позитивно е што ќе можете да примате уплати од било каде во светот. Негативното е што уплатите се директни, што би значело дека клиентите/купувачите генерално имаат помала доверба во ваквите решенија каде што мораат од ново и одново постојано да ја внесуваат својата кредитна картичка, наместо тоа да го направат само еднаш како што е во MoneyBookers или PayPal.

Трансферот на пари на ваша сметка може да се направи на неколку начини, од кој едниот подразбира пуштање на чек по пошта кој потоа вие ќе го реализирате во некоја од нашите банки. Јас таков чек имам реализирано во девизното одделение на Комерцијална Банка. Гледајте само чекот да не биде над 10.000 Евра, затоа што доколку е над таа сума и доколку јас не сум во забуна, според постоечката законска регулатива Вие автоматски потпаѓате во онаа специјална категорија за проверка на евентуално перење пари. И да… секогаш очекувајте дека банката ќе ве праша од каде и зошто ги имате добиено средствата. Како планирате да ги правдате е ваша работа. Мое е да ве посоветувам - плаќајте си ги даноците!

Вториот и можеби поинтересен начин на трансфер на пари на вашата сметка, кој за жал сеуште го немам испробано е регистрација и користење на услугите на Payoneer (http://www.payoneer.com). Навистина интересно решение. Се регистрирате, а потоа ви испраќаат од нив изработена MasterCard кредитна картичка на која можете веднаш да ги префрлате вашите средства и да ги подигате од било кој банкомат во светот. Тоа веројатно би му дошло како да имате своја лична сметка во странска банка… За жал не знам дали и колку е ова легално во нашата земја, па внимавајте да не дојдете во колизија со моменталната законска регулатива. Претпоставувам дека би биле добри кандидати за обвинение за даночно затајување.

На кратко ова би биле двете можни решенија кои без особено нервози би можеле да ги искористите за да се пофалите дека во ваша сопственост имате и комплетно функционална интернет продавница. Секако, уште многу детали за понудениве решенија останаа недокажани. Едни од побитните се секако и условите за користење на нивните услуги (зависат најмногу од тоа што планирате да продавате), како и цените на истите. Сепак тоа се информации за кои директно можете да се информирате од нивните веб страници.

Надополнување: во дискусијата на веќе споментата email листа се приклучи уште еден член. За неговите ставови околу ова прашање, погледнете го мојот нов пост на зададената тема: Како до продажба на интернет - 2

Доколку познавате и други сервиси или можни решенија кои би ја покриле оваа проблематика, Ве молам оставете коментар или испратете ми email. :-)

« Понови текстови
  • На Кратко
    Ѓоко смета дека смисолот на животот е цел живот да го бараш смисолот на животот.
    Дали Ѓоко го пронајде смисолот на животот?
  • Choose Language
       Англиски (English)
       Macedonian (Македонски)
  • Категории
  • Пријатели
    • Инстант експерт
  • Скорешни написи
    • Евтинија и за Македонија
    • Мојот CAPTCHA избор за додаток на вашиот WordPress блог
    • Најкорисниот додаток за Firefox
    • Убави вести од Moneybookers
    • Предизборна дилема
  • Cherished moments...
  • Архива
    • декември 2009
    • април 2009
    • март 2009
    • јануари 2009
    • декември 2008
  • Барај


KANO EKO SISTEMI za ekonomichno greenje on Facebook




  • Почетна
  • Хостирање
  • Проекти

Лиценцирано под Creative Commons - Некои права се задржани.
Оригиналниот дизајн од FTL Wordpress теми Ви е претставена од Smashing Magazine

Кон Врвот