• Почетна
  • Хостирање
  • Проекти
Сина Помаранџеста Зелена Розева Виолетова

Archive for December, 2008

You can use the search form below to go through the content and find a specific post or page:

Dec 23

Што се ММФ и Светската Банка?

Многу луѓе се имаат запрашано… а уште повеќе никогаш се немаат запрашано - каква е улогата на ММФ и Светската Банка на меѓународниот пазар на финансии? Наспроти широко раширеното мислење кај популацијата, секојдневното споменувањево во земјите во развој и во оние од третиот свет, како и добриот PR на овие институции, тие ни од далеку не се она за кое што се претставуваат.

Најлесен начин да се објасни каква е улогата на овие банки е да се направи паралела со обичните (кредитни) банки. Значи, тоа што е кредитната банка за населението, тоа се ММФ и Светската Банка за државите.

И верувале или не нивната цел не е да го подобрат финансиското работење и финансиската состојба на државите, туку е идентично како и кај кредитните банки, а тоа е - да заработат на сметка н своите клиенти.  Дури и начинот на работа е идентичен. Доколку вие како кредитокорисник се презадолжите и не сте во состојба да го исплатите кредитот, секогаш имате две можни опции:

  1. Да побарате нов кредит со кој што ќе го покриете стариот (рекредитирање) и со тоа уште повеќе да се задолжите; или
  2. Да оставите нешто под хипотека (доколку веќе не сте) и ултимативно, доколку не ве огрее сонцето, повторно да дојдете во истата ситуација во која банката ќе ви земе стан, земјиште, кола или некое друго материјално добро кое било ваша сопственост.

И ММФ и Светската Банка работат на истиот начин - преку барањата на државите (клиентите) за кредитирање. Доколку не може да го врати под договорените услови… државата бара нов поголем кредит, или под влијание на овие две институции возвраќа со „приватизација“ на општествени институции (било што што ќе го зацртаат како профитабилно: социјален систем, пензиски, казнен, земјоделски задруги…), или пак - во име на државата/државите сопственици бара соодветни воено/политички услуги (војска во туѓа држава, глас во Обединетите Нации и слично).

А доколку сте од оние кои сметаат дека приватните банки се позитивна појава, те. се грижат за финансиската добросостојба на населението… тогаш е време да се освестите. Таму каде што е во прашање профит, таму нема место за етика. Банките имаат само една и ниту една друга цел, а тоа е да го максимизираат профитот, те. да земат што поголемо парче од вашите материјални добра! Доколку имате различно мислење од ова, тоа е делумно поради добриот маркетинг, а делумно поради константното перење на мозок кое ве оттргнува од размислување.

Истото правило важи и кај ММФ и Светската Банка.

Па нормален човек сега ќе си постави прашање… доколку ММФ и Светската Банка навистина не се тука за да помогнат, туку напротив, да ја ослабат државата до степен на очај во која прифаќа секакви материјални и политички уцени, тогаш КОЈА е таа гарнутира на власт и ЗОШТО истата би прифатила соработка со овие две (приватни) институции?

…ова е прашање на кое што самите ќе морате да најдете одговор. Доколку го откриете, или можеби не се согласувате со мене, тогаш оставете ми коментар подолу.

Dec 19

Едноставно прашање

Со вчерашната опструкција на отварањето на нови поглавја во пристапните преговори на Хрватска кон ЕУ, се поставува прашањето дали Словенија ја отвори пандорината кутија овој пат не во име на НАТО, туку во името на унијата?
Се доаѓа до логичниот заклучок дека во иднина ќе гледаме како ветото се почесто се употребува како механизам за решавање на билатералните проблеми на тој начин што земјите членки на ЕУ ќе се закануваат, но и ќе ја практикуваат оваа мерка за да ги решаваат сопствените проблеми со земјите кандидати.

Исто така може логично да се заклучи дека на оваа случка и следува барем уште едно репризно издание…  и тоа во случајот „право на самоименување“ Грција vs Македонија. Но, за разлика од Букурешт овој пат Грција нема да биде лошото и разгалено милениче на Европа. Овој пат - Словенија го направи преседанот. Грција само ќе ја потврди новата реалност.

Спроведување на добрососедски односи - по европски терк.

Dec 19

Како до продажба на интернет - 2

Се разгоре дискусијата во email листата која ви ја споменав во претходниот пост. Со вклучувањето на г-дин Ванчо Орданоски (Инстант Експерт) дел од работите станаа појасни. Имено, иако поголемиот дел од нас смета дека законската регулатива е донесена и чиста… сепак остануваат неколку матни точки од веќе постоечката регулатива кои според г-дин Орданоски оневозможуваат развој на електронската трговија, особено во делот на трансфер на заработените паричните средства во Македонија…

Да не должам понатаму. Во продолжение е целосната порака од г-дин Орданоски на веќе зададената тема.

Значи, никој не ги доведува во прашање нашите добри намери да бидеме чесни граѓани и да си ги плаќаме давачките. Ниту НБРМ директно нам ќе ни се обрати (барем не во прво време, додека не не` обвинат за девизен прекршок).

Проблемот е во тоа што Народната банка ќе ја малтретира вашата банка во која имате сметка, а вашата банка (најверојатно неволно, но приморана) ќе ве малтретира вас. Се поставува и прашањето за прием на пари на ваша лична сметка во име на некоја компанија (која може, а не мора да биде ваша). Како ќе се разреши тоа? Сегашната регулатива е таква што компанијата која наплаќа од странство, мора да има отворено *компаниска* девизна сметка во некоја деловна банка, и при секој прием на пари да оди во банката и да достави документација со која се „објаснува“ приливот. Пак ќе кажам, деловните банки не се одушевени од  ваков начин на работа, но НБРМ им наложува така.

Во мојата фирма редовно примаме уплати од странство за софтвер и информатички услуги кои сме ги направиле за нашите странски купувачи. И редовно си го правиме ова што ви го реков. Згора на тоа, постои правило дека не можеме многу долго да ги чуваме парите во девизи - мора да ги конвертираме во денари во рок од 3-5 дена и да ги депонираме на нашата редовна сметка.

Не е јасно и како ќе се третира прометот: како малопродажба или големопродажба. Ако е малопродажба, треба фискална каса. Јбг…

Значи, добро, да прифатиме дека уредно ќе го доставуваме секој принтаут од МаниБукерс и ќе ја пополнуваме останатата папирологија (за поголеми приливи треба и договор!), потоа редовно ќе ги менуваме парите во денари, и со тоа ќе ги исполниме обврските кон УЈП и државата.

Но, што ако продавате ситни дребулии во големи количини? Што знам: пенкалца, значки, џиџи-миџи? Тие чинат евтини пари, а со - дај боже - пораст на бизнисот, ќе расте и прометот. Замислете да треба да носите 20, 30, 50, 100 МаниБукерс принтаути дневно во банката!

И на крај, не најмалку важно, нели се поништува целата поента на електронската продавница со бескрајно преметнување на хартии наоколу?

Разговарав(ме) со некои банки, едни намрштени суштества кои ги мразат сите околу себе. Искуствата за тоа ги има на мојот блог, да не дробам овде. Кој има живци, нека чита.

Блогот на Ванчо Орданоски, можете да го пронајдете на следната адреса: http://instantekspert.blogspot.com

Конкретните постови на оваа тема се следните:

  • е-Трговија во Македонија - да или не?
  • е-Трговија во Македонија - дел 2

Имате ваш коментар на изнесениот став од г-дин Орданоски или можеби знаете некои други олеснителни или ограничувачки фактори во развојот на електронска трговија во нашата државата? Споделете го Вашиот коментар подолу…

« Понови текстови | Постари текствои »
  • На Кратко
    Ѓоко смета дека смисолот на животот е цел живот да го бараш смисолот на животот.
    Дали Ѓоко го пронајде смисолот на животот?
  • Choose Language
       Англиски (English)
       Macedonian (Македонски)
  • Категории
  • Пријатели
    • Инстант експерт
  • Скорешни написи
    • Евтинија и за Македонија
    • Мојот CAPTCHA избор за додаток на вашиот WordPress блог
    • Најкорисниот додаток за Firefox
    • Убави вести од Moneybookers
    • Предизборна дилема
  • Cherished moments...
  • Архива
    • декември 2009
    • април 2009
    • март 2009
    • јануари 2009
    • декември 2008
  • Барај


KANO EKO SISTEMI za ekonomichno greenje on Facebook




  • Почетна
  • Хостирање
  • Проекти

Лиценцирано под Creative Commons - Некои права се задржани.
Оригиналниот дизајн од FTL Wordpress теми Ви е претставена од Smashing Magazine

Кон Врвот