Со вчерашната опструкција на отварањето на нови поглавја во пристапните преговори на Хрватска кон ЕУ, се поставува прашањето дали Словенија ја отвори пандорината кутија овој пат не во име на НАТО, туку во името на унијата?
Се доаѓа до логичниот заклучок дека во иднина ќе гледаме како ветото се почесто се употребува како механизам за решавање на билатералните проблеми на тој начин што земјите членки на ЕУ ќе се закануваат, но и ќе ја практикуваат оваа мерка за да ги решаваат сопствените проблеми со земјите кандидати.
Исто така може логично да се заклучи дека на оваа случка и следува барем уште едно репризно издание… и тоа во случајот „право на самоименување“ Грција vs Македонија. Но, за разлика од Букурешт овој пат Грција нема да биде лошото и разгалено милениче на Европа. Овој пат - Словенија го направи преседанот. Грција само ќе ја потврди новата реалност.
Спроведување на добрососедски односи - по европски терк.
