Имам и јас скромно искуство со MoneyBookers, кое на крајот беше позитивно. Сервисот е одличен и едноставен. Малку драма ми направија ProCreditBank ама се си помина како што треба.
Zlochko Reply:
December 19th, 2008
Те молам, раскажи… сподели. Баш ме интересира каква драма си доживеал. Можеби приказната ќе биде од корист на некого.
Ова е (мој) коментар од „Кајмакот“, ама да го пренесам и тука, можеби некого ќе го интересира.
Во поглед на употребливоста на MoneyBookers и сличните, ќе морам да те разочарам: *неќе моќи*!
Технички, можеби си успеал да префрлиш пари, НО:
Ако имаш фирма, и сакаш да наплаќаш на овој начин, директно ги прекршуваш уредбите на НБРМ за девизен промет, каде што јасно се вели дека за секој прилив мораш да доставиш твоја валидна фактура и/или објаснување за тоа. Има и други причини (на пример, евиденција на приливот заради оданочување), но поентата е јасна.
Како приватно лице, за помали износи, НБРМ „прогледува низ прсти“ (само, немој да мислиш дека не забележуваат), иако, во принцип, и тука важат правилата за „објаснување“. Исто така, овие приливи се субјект на персонален данок и мораат да бидат наведени во даночната пријава кон УЈП на крајот на фискалната година.
Комплицирано, глупаво, остаток од комунистичките времиња (па, и гувернерот на НБ е од тоа време), без модерно решение…
Добра статија но во Македонија ќе треба уште време за да може да се прави ваков бизнис во добар обсег. Исто така се согласувам и со мислењето на Ванчо…
Јас сум регистриран на MoneyBookers и AlertPay веќе оддамна… MoneyBookers има целосна поддршка за Македонија, но сепак ако правиш поголем бизнис и тие ќе ти земаат провизии за секое плаќање а фали уште и во Македонија да те тормозат тие од НБРМ …
…
Кога требаше да ја верификувам пробната трансакција ПроКредитБанка ми рекоа дека нема да ми биде одборена трансакцијата и дека нема да можам да го користам овој сервис затоа што немале дозвола со некој закон да дозволуваат трансакции за игри на среќа или кладење.
Се обидив да појаснма дека не е ова таков сервис, но залудно. Сепак ја извлеков точната бројка ја потврдив трансакцијата и сметката ми беше активна. Направив трансакција ја префрлив каде што требаше и немаше никаква реакција од ПКБ потоа.
Првата Македонска .. се надевам комплетно електронска продавница http://www.megastore.com.mk. Хипермаркет со над 5000 производи, страната е во фаза на полнење со артикли, официјална промоција сеуште не е извршена. Се преговара во Casys и Уни Банка, но сеуште без многу детали од нивна страна за проценти и слично. Наскоро ќе ве информирам дали Casys и Уни Банка стојат на изјавата на директорката од 28 Септември 2008, дека започнуваат со онлине наплата. Неофицијално некои извори ми дадоа податок за процент од 7 % за Уни од целата трансакција што е апсурдно, од причина што толкав е процентот на заработка. На крајот на краиштата поентата на интернет купувањето е поевтини цени. Поздрав.
Ке ве замолам за помош…
После долго лутање по банки и барање информации по интернет со цел да го решам мојот проблем проблемот кој го создава нефункционирањето на пејпал, налетав и овде.
Имам неколку работи кои не ми се јасни и не можам да најдам човек кој би ми ги разјаснил. Прво, која е разликата помегу трансакциска и девизна сметка? Имам девизна сметка во ПроКредитБанка- дали можам со девизна да се регистрирам на http://www.moneybookers.com и дали би функционирало со девизна сметка? Кога прашував во Прокредит банка за http://www.moneybookers.com ми рекоа “Што… дечко http://www.moneybookers.com??? Што е тоа?????” Веднаш се откажав да објаснувам што е http://www.moneybookers.com на некој кој мене треба да ми објасни. Потоа отворив девизна сметка за да примам пари како приватно лице а за да сум примел пари од странство на трансакциска требало да имам работна виза од земјата каде што ми ги праќаат…. Ништо не се разбравме, разговорот беше како глуп и поглуп!
Ве молам помогнете ми!
Повторно јас, еве како што прочитав на еден форум сите ја користат Виза интернет дебитна картичка од Стопанска Банка , но повторно не ми е јасно затоа што се јавив во Стопанка Банка за информации да прашам дали можам на картичката да примам УСА долари. Незнаеше веднаш да ми одговори и почекав некоја минута ми пуштија некоја техно музика најверојатно додека се консултира со колегите, подоцна ми кажа дека неможе долари дека картичката е исклучиво за денари. Прашав што доколку примам долари мене за тоа ми треба и повторно почекав малку и после со несигурност ми рече дека ке се конвертираат во денари. Нека ми каже некој дали примил долари и дали се конвертирале или останале негде заглавени, помагајте не им верувам на банкиве !
Zlochko Reply:
April 1st, 2009
Виктор, прости што волку долго доцнам со мојот одговор. Два дена пред да го поставиш твоето прашање мене ми се роди синче и претходниов период ми беше во најмала рака земено хаотичен.
Решение има за твојот „проблем“ се додека не се работи за големи суми на пари.
Јас лично, како поединец (не како компанија) успеав да префрлам пари од MoneyBookers на моја трансакциска сметка. Успеав да префрлам неколку Евра (за проба) на мојата Visa Electron дебитна картичка од Тутунска Банка.
Сумата на пари се појави во денари по дневниот среден курс од НБРМ.
Процедурата е лесна, поточно ја нема. Отвори си VISA Electron, внеси ја во твојата MoneyBookers сметка, помини ја процедурата за конфирмирање и потоа можеш да правиш withdrawal во било кое време. Се надевам дека помогнав.
Здраво на сите,
Може ли некој детално да ми објасни дали / како може да го користам moneybookers.com преку Македонија ? На пример, имам сајт кој работи на интернационално ниво, па сакам како метод за плаќање да го искористам овој сервис, па после тоа некако преку некоја наша банка да си ги подигнам парите … можно ли е ова воопшто кај нас и како оди постапката? Ве молам објаснете детално
Fala Zlochko mnogu, da ti e zdravo i zivo sinceto .